среда, 26 јуни 2024
Предупредување од Комунална хигиена

Скопјани масовно непрописно фрлаат отпад, постои закана од ширење заразни болести

Само за еден викенд околу 40 кубни метри отпад отстраниле изминатиов викенд екипите на Јавното претпријатие (ЈП) Комунална хигиена од Скопје.  Отпадот бил одложен до контејнерите на булеварот Крсте Мисирков, во близина на трговскиот центар (ТЦ) Мавровка, на улиците Џон Кенеди и Христијан Тодоровски – Карпош во општина Чаир, Народен фронт, Даме Груев, Партизанска и Митрополит Теодосиј Гологанов во општината Центар и на улиците 1510 и Христо Татарчев во општина Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

Јавното претпријатие Комунална хигиена од Скопје информира дека веќе извесен период се соочува со појава на масовно непрописно исфрлање отпад во непосредна близина на контејнерите наменети за одлагање на комуналниот отпад. Дивите депонии, како што се наведува во соопштението, околу контејнерите настануваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во нив.

„Град Скопје и Комунална хигиена апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини. Уште еднаш потсетуваме дека секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота, а сторителите подлежат на санкции. Ваквото однесување го загрозува јавното здравје и значително ја зголемува опасноста од ширење заразни болести, особено во летниот период“, пишува во соопштението на ЈП Комунална хигиена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ