сабота, 20 јули 2024

Зелената револиција на Д фестивал

Под слоганот Биди зелен, не биди „зелен“, викендов Пакомак ќе биде присутен на Д фестивал во Дојран со голем број на промоции и едукативни активности.

 

Објавено на

часот

Сподели

Сите посетители на Д фест ќе можат да набават реупотреблива чаша и да добијат попуст на точено пиво. Целта со овие чаши е посетителите да создадат што е можно помалку отпад, но и да добијат соодветен спомен од фестивалот. Дополнително на голем број на локации, за време на фестивалот ќе бидат поставени контејнери за селектирање на различен вид на отпад, а тимовите на Пакомак ќе едуцираат и ќе им помогнат на посетителите истиот да го селектираат и одложат соодветно.

„На повеќе локации ќе поставиме контејнери за хартија, пластика и стакло, како макети од нашите познати вендинг машини за пластични шишиња и лименки. Нашата цел е да придонесеме на зачувување на околината и да ги поттикнеме граѓаните да рециклираат повеќе. Вообичаено, на големите музички фестивали се акумулира големо количество на отпад, а ние како како водечка компанија за управување на отпадот од пакување, сакаме да дадеме наш придонес и да помогнеме во справување со истиот. Сѐ повеќе во светот се зборува за зелени настани, па сакаме да покажеме дека и ние можеме да фатиме чекор со современите трендови“, ни изјави Ико Брдароски од Пакомак.

Дополнително, за време на фестивалот сите нови корисници кои ќе ја симнат апликацијата Екомак за користење на повратните вендинг машини и ќе селектираат 3 шишиња или лименки до 10 јули во нив, ќе добијат 300 зелени поени за да ги искористат во маркетите.

„На сите посетители на Д фестивал, им посакуваме пријатна забава, многу незаборавни моменти и апелираме да не забораваат на природата и околината. Се надеваме дека нашите тимови ќе ги инспирираат посетителите за соодветно третирање на отпадот и дека на крајот ќе можеме да се пофалиме со рекорден број на селектиран и собран отпад од пакување“, велат од Пакомак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ