четврток, 25 јули 2024

ЦУК бара решение кој да ги заловува змиите во урбаните средини, дел од институциите незаинтересирани

Понекогаш вработени од Зоолошката градина во Скопје доброволно заловуваат змии во градот, но не е нивна надлежност. Која институција е надлежна или ќе преземе одговорност за вакви интервенции, засега не се знае. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, одржа координативен состанок на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето од зголеменото присуство на змии во урбаните средини”, на која присуствуваа претставници од МВР и од Зоолошката градина, но на поканата не се одзвале од министерствата за животна средина, за здравство и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информирал дека е зголемен бројот на пријави за појава на змии во урбаните средини и дека тоа налага превентивно да се реагира од соодветните државни структури.

„Претставниците од Зоолошката градина Скопје информираа дека доброволно во рамки на можностите понекогаш помагаат за безбедно отстранување на змии и тоа го прават за доброто на граѓаните, при што посочија дека корисно би било на идната координативна средба да се викнат претставници и од невладиниот сектор, конкретно од Македонското еколошко друштво (МЕД), („херпатолози“), за да направат стручна експертиза. Напоменаа и дека во Град Скопје нема за сега случаи на опасно каснати и отруени или починати лица од отровни змии, што е пак., во домен на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје“, информираат од ЦУК.

На средбата станало збор и за работите коишто се, како и во другите современи земји, поврзани со лиценци или дозвола за заловување на примероци од див свет, како се заловува дивото животно, а и начин и места каде што потоа живо и безбедно се пушта на слобода во природата или друго одредено место, согласно специфични случаи, наведуваат од ЦУК.

„Тоа се прашања од сферата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за животна средина и просторно планирање, коишто, според информациите, во буџетот треба да издвојува финансиски средства за обука, за теренска акција и секако едукација за справување и запознавање на диви животни“, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ