недела, 21 јули 2024
Извештај на ЦУК

Дел од Македонија зафатена од пожари дел од поројни дождови

Четири пожари на отворено и неколку помали интервенции се случиле во последното деноноќие, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму уште информираа дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети од невремето што го зафати светиниколскиот и неготинскиот крај.

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатите 24 часа пожари имало спроти касарната Прилеп каде горела ниска вегетација, во Струмица – на вливот на браната Водоча каде горела борова шума, во Валандово кај Анска Река на месноста Мичкин Мост каде горела ниска вегетација и кај Млекара Тетово каде горела ниска вегетација.

Оттаму уште информираа дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети од невремето што го зафати светиниколскиот и неготинскиот крај.

Невремето што го зафати вчера регионот на Свети Николе предизвика штети, особено кај село Кадрифаково.

ЦУК соопшти дека се добиени пријави за настанати штети. Од поројниот дожд и големата количина вода поплавен е надвозникот кај село Кадрифаково, а на регионалниот пат Штип – Свети Николе имало насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок. Има и оштетување на патот од поројната вода, при што е направена голема дупка.

На самото место се испратени екипи од полицијата, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, како и од ЦУК, а последиците од невремето се расчистени.

На 112 е добиена и пријава од гром во  Неготино, што предизвикал прекин на електричната енергија на улица Пано Калајџиски и околината. Пријавени се оштетувања на апарати во домаќинството. Екипи на ЕВН веднаш реагирале и го отстраниле дефектот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ