среда, 26 јуни 2024

Сирски: Русија ги засилува нападите пред дополнителната воена помош од Западот

Украинската војска соопшти дека Русија ги засилува своите напади на источниот фронт за „максимално да ги исцрпи украинските војници“ пред пристигнувањето на западната воена помош, особено борбените авиони Ф-16.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили зазедоа области во пограничните региони Доњецк и Харков во последниве месеци, благодарение на недостигот на луѓе и муниција во Украина.

„Командата на руската армија во моментов прави се што е можно за да го зголеми и прошири интензитетот на непријателствата со цел да ги исцрпи нашите војници што е можно повеќе“, напиша командантот на украинската армија Олександр Сирски на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано бара системи за противвоздушна одбрана да ѝ бидат доставени на Украина, во мај изјави дека на Украина ѝ се потребни 120 до 130 борбени авиони Ф-16 или некои други авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ