УХМР препорачува внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците, како и претпазливост на оние места каде се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд.
„Согласно најавата дека попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд, над 30 литри на метар квадратен, доколку процесите бидат интензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини дожд, можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците, каде на одредени локации е можно да се јават локални проблеми. Доколку се јават овие интензивни врнежи, можни се и локални комунални проблеми во градските урбани средини“, наведува УХМР.
Оттаму информираат дека до петок ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи. Утре на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд, над 30 литри на метар квадратен за кратко време, грмежи, силен ветер, над 60 километри на час и град.
За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.