недела, 22 септември 2024

Сил: Долг и тежок е процесот за да се одлучи кој филм е најдобар

Долг и тежок е процесот да се одлучи кој филм е најдобар, истакна на прес конференција во Битола, Џон Сил, претседател на стручното жири на ИФФК „Браќа Манаки“. Според австралискиот кинематографер и оскаровец Сил, фестивалот во Битола е фестивал на кој сите се победници.

Објавено на

часот

Сподели

„Прв пат во Битола бев во 2016 година. Благодарам за приликата да работам на овој фестивал, фестивал на кој сите се победници. Многу е тешко да одлучиш кој филм е подобар од другите бидејќи пристапот во работењето е различен. Среќа е што сум претседател на жирито затоа што другите четири членови ќе одлучат и за мене, а јас ќе потврдам. Долг и тежок е процесот да се одлучи кој филм ќе биде најдобар“, истакна Сил.

Во изјава за медиумите, Ањес Годар, повеќепати наградувана француска кинематогарферка посочи дека жирито во текот на фестивалот постојано ќе прашува со цел да ги добие сите одговори.

„Иако е тешко, сепак е многу интересно да се гледа работата на други колеги. Ние ќе бидеме отворени и ќе прашуваме. Кинематографијата е наијинетересна бидејќи го гледаш пристапот кон сите детали. Посебно е фасцинантно да се пронајде инспирацијата на кинематограферите за филмовите што ги направија“, истакна Годар.

Годинава член на жирито е и Џевахир Шахин, кинематогафер од Турција кој на промотивната прес конференција во Битола рече дека кинематогафијата е многу комплексна и затоа освен сликата ќе се оценува и целосниот впечаток за филмот, додека пак Биргит Гудјонсдотир од Исланд потврди дека најдобрата и најубавата работа е што има можност да разговара со кинематографери и цело време да се заедно.

„Фестивалот е најдоброто место за да заедно зборуваме за филмовите. Многу е тешко да се посочи на најдобрата кинематографија пред се заради луѓето и нивната работа“, нагласи исландската кинематограферка Гудјонсдотир.

Во петчленото меѓународно жири, претставник од Македонија е Владимир Блажевски, режисер и сценарист.

-Нашата работа е да го видиме ремек делото во секој филм. Се е специфично и затоа нашата работа на овој фестивал е со многу предизвици. Пред 15 години прв пат бев член на жирито и тоа е мое мало искуство. Да си член на жири е убава работа, но и „темен“ момент бидејќи треба да се пресуди, истакна Блажевски на заедничка прес конференција на стручното жири во прес центарот на ИФФК „Браќа Манаки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ