четврток, 10 октомври 2024

Дубоа го нокаутираше Џошуа во спектаклот на Вембли и ја одбрани титулата светски шампион (ВИДЕО)

Пред 96.000 гледачи на Вембли во Лондон, 27-годишниот Британец, Даниел Дубоа во петтата рунда го нокаутираше Ентони Џошуа и ја одбрани титулата ИБФ светски шампион.

Објавено на

часот

Сподели

Дубоа доминираше уште од самиот почеток, на крајот од првата рунда Џошуа се најде во нокдаун, но ја продолжи борбата.

Мечот продолжи во иста динамика, Дубоа напаѓаше, Џошуа претежно се бранеше. Кулминацијата се случи во петтата рунда кога Дубоа со директ погодувајќи го во вилицата го нокаутираше Џошуа и ја одбрани титулата ИБФ Светски шампион.

Ова беше четврти пораз за Џошуа во кариерата која веќе му е доведена во прашање. Тој двапати беше светски шампион, целеше кон трета титула, но не успеа. Многумина сметаат дека време му е за пензија.

Оваа победа отвора можност за Дубоа да се бори за неприкосновената титула во тешка категорија во 2025 година против победникот од дуелот на 21 декември меѓу шампионот на ВБЦ, ВБА и ВБО, Александар Усик и Тајсон Фјури кои беа покрај рингот на вчерашниот меч.

Џошуа пак може да се надева на реванш со Дубоа или на меч со поразениот од дуелот меѓу Усик и Фјури за да се обиде да си ја продолжи кариерата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ