понеделник, 7 октомври 2024

Трамп: Предоцна е за уште една претседателска дебата, Американците почнаа да гласаат

Поранешниот претседател на САД и кандидат на републиканците на претстојните избори во Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека е предоцна за уште една претседателска дебата бидејќи Американците почнале да гласат на изборите 2024.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Проблемот со уште една дебата е што е едноставно предоцна, гласањето веќе почна“, кажа Трамп во Вилмингтон, Северна Каролина, а пренесува Си-ен-ен.

Трамп додаде, мислејќи на ривалката, актуелната потпретседателка на САД и кандидатка на демократите, Камала Харис, дека таа сега сака дебата бидејќи многу губи.

Во некои американски сојузни држави вчера почна раното гласање на претседателските избори кои ќе се одржат на 5 ноември.

Гласањето почна во Минесота, Јужна Дакота и Вирџинија, а повеќе од 10 држави ќе го почнат раното гласање во следните недели, до средината на октомври.

Харис претходно денес ја прифати поканата на Си-ен-ен да учествува во дебата со Трамп на 23 октомври.

Трамп веднаш по втората дебата на која не 11 септември во Филаделфија учествуваше со Харис кажа дека нема да има трета дебата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ