Посебниот сообраќаен режим ќе се спроведе заради потребниот протокол на високи делегации кои ќe престојуваат во Битола, пoсочуваат од СВР Битола.
„Утре на булевар 1 Мај на зоните Б1 и Б2 на потегот од местото викано Црн мост до Безистен, СВР Битола ќе преземе посебен сообраќаен режим и притоа паркирањето на автомобили во периодот од 6 до 18 часот нема да биде дозволено. Сообраќајниот режим се спроведува заради потребите на протоколот на високи делегации кои ќе бидат во официјална посета на општината“, информираа од СВР Битола.