вторник, 8 октомври 2024

Одлично деби на Димитријевиќ за Милано, беше најдобар на теренот

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ имаше фантастично деби за новиот клуб, Олимпија Милано која со 73-62 ја победи Венеција во полуфинале од Суперкупот на Италија.

Објавено на

часот

Сподели

Димитријевиќ беше стартер на мечот, постигна 14 поени за 24 минути поминати на паркетот. Погоди пет од осум шута од поле и постигна една значајна тројка од два обиди.

Втор стрелец за Милано беше Миротиќ со 13 поени.

Во утрешното финале Олимпија Милано ќе игра со победникот од дуелот меѓу Виртус и Наполи кој се игра вечерва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ