среда, 16 октомври 2024

Ердоган спремен да се сретне со сирискиот претседател, се чека одговор од Асад

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повтори уште еднаш дека е спремен да се сретне со сирискиот колега Башар ал Асад и дека чека одговор од сириската страна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе изразивме желба да се сретнеме со Башар ал Асад за да ги нормализираме односите меѓу Турција и Сирија. Чекаме одговор од сириската страна. Ние сме спремни. Верувам дека со овој состанок ќе почне нова етапа во односите меѓу земјите“, кажа Ердоган пред заминувањето во Соединетите Американски Држави на Генералното собрание на Обединетите нации.

Турскиот претседател истакна дека „дојде време да се стави точка на ситуацијата во Сирија“.

„Гледаме дека сириското раководство веќе некое време не е во конфронтација со опозицијата, што покажува дека се преземени чекори за одржлив мир“, објасни Ердоган.

Неодамна се појавија информации за можна средба на Асад и Ердоган, па така весникот Хуриет, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека таква средба се очекува во Багдад. Други медиуми наведоа дека разговорите може да се одржат во Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ