вторник, 2 јули 2024

Шпанија се придружи на тужбата на Јужна Африка против Израел

Владата на Шпанија поднесе денес документи во Меѓународниот суд на правдата за придружување на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцид во војната во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата единствена цел е да ставиме точка на војната (во Газа) и да придонесеме на примена на решението за две држави, бидејќи тоа, според мислењето на владата на премиерот Педро Санчез, ќе биде единствената гаранција дека Палестинците и Израелците можат да живеат заедно во мир и безбедност“, кажа министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Шпанија на почетокот на јуни најави дека ќе се придружи на тужбата на Јужноафриканската Република.

Таа е втора европска држава по Ирска, која се придружи на тужбата, а тоа го направија и Чиле и Мексико.

Јужна Африка минатиот декември поднесе тужба против Израел поради војната во Газа, истакнувајќи дека Израел ги прекршил своите обврски од Конвенцијата за геноцид. Судот во мај му нареди на Израел да спречи акти на геноцид над Палестинците и да направи повеќе за да ги заштити цивилите.

Како одговор на итното барање на Јужна Африка, судот му нареди на Израел „веднаш да ја сопре својата воена офанзива и секоја друга акција во провинцијата Рафа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ