„Сè поинтензивната соработка на Русија, Кина, Северна Кореја и Иран ја покажува глобалната природа на заканата со која сме соочени, вклучувајќи ја сè поголемата опасност од војната во Украина“, им кажа Руте на новинарите по дводневната средба на шефовите на дипломатиите на државите членки на НАТО.
„Во замена за испраќањето војници и оружје Русија ѝ пружа поддршка на Северна Кореја за нејзините ракетна и нуклеарна програма, што може да го дестабилизира Корејскиот полуостров и дури да бидат закана за Соединетите Американски Државу, што значи дека руската нелегална војна ни се заканува на сите нас и затоа ќе останеме заедно“, кажа Руте.
Тој додаде дека Украина ја чека многу тешка зима, па министрите разговарале за тоа што уште НАТО сојузниците можат да направат во поглед на испораки на муниција и противвоздушни системи.
„Мораме да направиме повеќе за да ја задржиме Украина во битката, мораме да пружиме доволно поддршка за еднаш засекогаш да ја смениме насоката на овој конфликт“, истакна генералниот секретар.
Руте повторно избегна одговор на новинарското прашање дали Украина сега е поблиску до членство во НАТО отколку што била пред министерскиот состанок. Кажа дека сега приоритет е да се обезбеди Украина да може да влезе во преговори со што посилна позиција.