четврток, 5 декември 2024

Шефицата на германската дипломатија бара од Пекинг да застане на страната на Украина

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок им кажала на своите колеги од кинеската дипломатија дека поддршката на Пекинг на Москва неповолно влијае на постоечките политички односи и ги советувала да се фокусираат на прекин на конфликтот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи во Пекинг, таа кажала дека војната која трае повеќе од илјада дена влијае на целиот свет, во што се вклучени и кинески дронови и севернокорејски војници. Бербок кажа дека пристигнала во Кина со цел мирот во Украина да стане интернационална цел. „Секоја членка на Советот за безбедност на Обединетите нации има одговорност за мирот и безбедноста во светот“, кажала таа.

Таа оценила и дека рускиот претседател Владимир Путин е „проблем и за Азија“, кажувајќи: „Рускиот претседател со војната која ја почна против Украина не го загрозува само европскиот мир, туку сега преку Северна Кореја ја вовлекува и Азија“.

Бербок на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји му кажала дека постапките на Москва и нивните последици не ѝ одговараат на Кина. Берлин веќе некое време се обидува да го развие дијалогот со Кина и да ја привлече кон ставот на Западот.

Пекинг во повеќе наврати истакна дека е неутрален и дека за разлика од САД и западните земји никому не испраќа воена помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ