вторник, 2 јули 2024

Северна Кореја: Односот на Јужна Кореја, САД и Јапонија се разви во азиска верзија на НАТО

Северна Кореја ја критикуваше заедничката воена вежба на Јужна Кореја, Јапонија и Соединетите Американски Држави одржана овој месец, кажувај

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И дека таквите вежби покажуваат дека односот на трите земји се развил во „азиска верзија на НАТО“, објавија државните медиуми.

Во четвртокот трите земји почнаа голема заедничка воена вежба која вклучува морнарички разурнувачи, борбени авиони и американскиот носач на авиони на нуклеарен погон Теодор Рузвелт, наводно за јакнење на одбраната од проектили, подморници и воздушни напади.

Вежбата е договорена на тристраниот самит во Камп Дејвид минатата година за јакнење на воената соработка на Корејскиот Полуостров.

„Пјонгјанг нема да го игнорира јакнењето на воениот блок предводен од САД и нивните сојузници и ќе го штити регионалниот мир со агресивен и надмоќен одговор“, се наведува во соопштението на севернокорејското министерство за надворешни работи, пренесува новинската агенција КЦНА.

Министерството истакна дека Вашингтон ги продолжува своите напори да ги поврзе Јужна Кореја и Јапонија со НАТО, додавајќи дека обидите Јужна Кореја да ѝ испорача оружје на Украина е еден од примерите на тие напори.

Сеул порача дека ќе размисли за можноста за директно снабдување на Украина со оружје, во знак на протест против неодамнешниот пакт за меѓусебна одбрана кој го потпишаа севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин.

Северна Кореја веќе долго се буни против заедничките вежби на САД и Јужна Кореја сметајќи ги за проба за инвазија и доказ на непријателската политика на Вашингтон и Сеул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ