петок, 22 ноември 2024

Сашко Ѓоргиев стана нов претседател на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

Вонредната седница на Судскиот совет била закажана за денеска 15 минути пред да почне во 16,30 часот, а на седницата се разговарало главно за меѓучовечките односи. Преовлада мислењето дека сменетата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева многу допринела за ваквата состојба.

„Се отвори прашањето дали во една таква атмосфера Судскиот совет може нормално да работи. Мислам дека донесовме правилна одлука со нејзината смена и сега може да продолжиме со работата во една нормална атмосфера и со интегритет“, изјави Ѓоргиев по изборот.

Дамева не беше пристна на денешната седница.

с

Членовите на советот Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимоски, Ивица Николовски и Мери Радевска, без да образложуваат кажаа дека „принципиелно гласале против” бидејќи, како што посочија, Сашко Ѓоргиев гласал за разрешувањето и со тоа и самиот придонел за состојбата во која се најде Судскиот совет. 

Весна Дамева беше разрешена неочекувано минатата среда на јавна седница на Судскиот совет,  Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и наводното криење на писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер. Нејзиното разрешување го иницира заменикот Селим Адеми, кој по неколку часа тензии и расправии, доби поддршка од 7 од 13 члена на Советот за остратнување на Дамева од претседателското место. 

Дамева, која по гласањето за нејзино разрешување обвини дека „Советот е претворен во анархија“, а одлуката ја оцени како противзаконска и донесена „за да се задоволат одредени поединци од политиката“, произнесувајќи се за предлогот за одлагање на седницата, рече дека се надева оти во наредните денови ќе има доволно време да се види дали ќе се обезбеди потребното мнозинство за да се легализира, како што наведе, нејзиното незаконско разрешување.

Разрешувањето на Дамева и случувањата во Судскиот совет предизвикаа бројни реакции во јавноста, а правите експерти го оценија како нелигитимно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ