среда, 4 декември 2024

Адинг ќе засади 7.500 јасени во околината на Скопје

По повод 55 јубилејни години, наместо гламурозен настан, компанијата Адинг организираше пошумување во околината на Скопје. Ние сме производители од Македонија и внимаваме што ќе оставиме на идните генерации, велат од Адинг.

Објавено на

часот

Сподели

Идејата за акцијата дојде како одговор на големите шумски пожари и проблемите со загадувањето и затоа почнувајќи од денеска, ќе засадиме 7.500 дрвца од видот јасен, на површина од 3 хектари, во околината на Скопје.

„Ова го правиме плански и во соработка со ЈП „Македонски Шуми“ и само во првите 20 години овие дрвја ќе апсорбираат околу 1.500 тони CO₂ од атмосферата. Инвестиравме и во сопствена фотонапонска централа, инсталирана на нашите фабрички кровови и со ова успеваме целото работење да го покриеме од сопственото производство на обновлива енергија. Акцијата е поттикната од нашите вредности – профитабилност, но и одржливост. Ние инвестициите ги гледаме и како обврска кон татковината и придонес за подобра иднина. Како домашна компанија, имаме одговорност да вложуваме во Македонија и да ја направиме попријатно место за живот за сегашните и идните генерации. Тоа за нас претставува чесен и патриотски однос кон сопствената земја“, соопшти Адинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ