среда, 11 декември 2024

Аморим кон фудбалерите на Јунајтед: Ако не се залагате, ќе ве пратам во Бугарија

Рубен Аморим неодамна ја почна својата работа во Манчестер јунајтед, а во недела ќе го има и своето деби на клупата на Црвените ѓаволи на гостински терен кај Ипсвич во меч од Премиерлигата.

Објавено на

часот

Сподели

На еден од тренинзите, португалскиот стратег испратил шокантна закана за фудбалерите.

„Ако не се залагате ќе ве пратам на позајмица во Бугарија“, им рекол Аморим.

Оваа негова закана имала подлога бидејќи тоа го направил во 2019 година како тренер на вториот тим на Брага. Тогаш го казнил Гаус Макута поради несериозен пристап на тренинзите, го испратил на позајмица во бугарскиот тим Берое.

Оттогаш Аморим овој пример го користи како шала, но и како сериозно предупредување за фудбалерите да не се опуштаат.

Португалскиот стратег сака да создаде близина со своите играчи, но во исто време е и строг и бара максимално залагање од сите во тимот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ