среда, 11 декември 2024

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на владата на Србија Ивица Дачиќ изјави дека припадници на специјалната антитерористичка единица, со соработка на други полициски сили, утринава околу 3:05 часот во селото Прибојска Голеша го уапсиле Алија Балијагиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тој беше начекан во една куќа за која имавме информации дека повремено ја посетува. Фатен е на спиење, не пружал отпор“, кажа Дачиќ. Тој додаде дека Балијагиќ имал две пушки.

„Една ловечка пушка сачмарка и друга, ловечки карабин, преработен од воена пушка поповка. Апсењето е извршено на многу непристапен терен по снег од 40 сантиметри. Лицето е одведено во полициска станица во Пријепоље“, кажа Дачиќ.

Полицијата по Балијагиќ трага од октомври откако во селото Соколац убил две лица. Балијагиќ убил брат и сестра наводно откако претходно ручал во нивната куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ