четврток, 12 декември 2024

30 дена притвор за богданчанец, криумчарел мигранти од Сирија

Вчера рано утрото на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Д.П.(37) од Богданци. Во близина на возилото ауди а6 со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот Пријателство после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија,  како со возилото ги превезува мигрантите. По преземените мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени.

Објавено на

часот

Сподели

„Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија,  а Д.П. бил задржан во полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Д.П. е спроведен во Казнено  – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ