среда, 11 декември 2024

Изборот на судии за Апелацискиот суд Битола ќе се врши според промената ранг листа

Судскиот совет на денешната седница ја промени ранг листата на кандидатите за избор на судии за Апелациониот суд Битола, по поднесена жалба од страна на судијата Кирил Јовановски од Основниот суд Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Како што беше посочено на денешната седница, поради техничка грешка во пресметката при бодирањето на судијата му биле скратени пет бода, со што наместо 69,54 бода му биле запишани 54,54 бода.

Членот на Советот Антоанета Димовска посочи дека судијата Јовановски во жалбата дополнително навел дека за познавање на англиски јазик треба да добие 15 бода, а не 5 бода, бидејќи, со пријавата приложил и сертификат за познавање на англиски јазик ниво Ц1.

„За познавање на англиски јазик смета дека треба да добие 15 бода, а не 5 бода, бидејќи со пријавата има приложено сертификат за познавање на англиски јазик ниво Ц1. И тоа е точно. Третиот жалбен навод е дека за вкупниот стаж треба да добие 11,33 бода, наместо 11,04 бидејќи до денот на пријавување на огласот имал 11 години 4 месеци и 11 дена работен стаж. Согласно правилникот се сметаат цели години, но сите комисии работиме по ист принцип, за секој месец даваме 01,02, зависно бројот на месеци. Кај кандидатот Кирил Јовановски наместо 54,54 бода треба да биде 69,54 бода, поради техничката грешка при собирањето“, рече Димовска.

По ваквата одлука на Советот, ранг листата на кандидатите за избор на тројца судии од Апелациониот суд Битола за граѓанска област се менува на начин што судијата Ристо Сотиров останува на првото место со 71,9 бодови, Дејан Крастанов останува на второто место со 69,59 бодови, додека по поднесена жалба на третото место е Кирил Јовановски со 69,54 бодови. На четврто место е Александар Илиевски со 66,96 бодови, а на петтото место Јасмина Шишковска Стојковиќ со 63,05 бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ