Ситуацијата предизвикала нови стравување од почеток на трета светска војска.
Екипажот на рускиот брод наводно испукал сигнална муниција на хеликоптер на НАТО кој бил во разузнавачка мисија, објави германски Билд.
Веста за овој инцидент го соопштила германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, за време на состанокот на министрите на земјите членки на воениот пакт. Меѓутоа, не соопштила други детали.
Портпаролот на германското министерство за одбрана до сега го нема потврдено овој извештај.
Сигналната муниција се користи за предупредувачки истрели, а не за напад, но овој инцидент е знак колку се блиску НАТО и Русија до директно соочување.
Бербок денес најави и дека не може да ја исклучи можноста за распоредување војници на Бундесверот во Украина во рамки на некоја идна програма за прекин на огнот меѓу руските и украинските сили.
Политико пренесува дека Бербок на состанокот на НАТО кажала дека „германската страна ќе поддржи сè што служи на мирот во иднина“ и додала дека Берлин тоа ќе го направи „со сета своја сила“.