недела, 30 јуни 2024

Руски министер за одбрана: Американски дронови сè почесто летаат над Црното Море

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов му нареди на Генералштабот на војската да претстави предлози за брзо справување со „провокациите“ на американските стратешки беспилотни летала кои оперираат над Црното Море, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството во соопштението рече дека забележало зголемена активност на американските беспилотни летала во областа, кои, како што велат, извидуваат и собираат информации за цели на западното високопрецизно оружје што Украина го користи за напади врз руски објекти.

„Ова го покажува зголеменото учество на САД и земјите од НАТО во конфликтот во Украина на страната на киевскиот режим“, соопшти Министерството за одбрана.

„Ваквите летови ја мултиплицираат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со руски авиони, што го зголемува ризикот од директен конфликт меѓу алијансата (НАТО) и Руската Федерација“.

Се вели дека земјите од НАТО ќе бидат одговорни за какви било инциденти.

Во соопштението не се споменува Крим, црноморскиот украински регион припоен од Москва во 2014 година. Но, руските воени објекти на Крим се постојана цел на украинските сили, вклучително и на западните ракети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ