По мечевите победниците пишуваат по нешто на камерата, Ѓоковиќ го искористи тоа за да напише: „Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“.
Таквата негова порака предизвика големи реакции. Косовската тениска федерација бараше Србинот да биде казнет, но тоа нема да се случи.
Организаторот вели дека нема правила за тоа што може, а што не може да напишат тенисерите на камерата, па нема да има казна за Ѓоковиќ.
„Нема официјални грен слем правила за тоа што играчите можат, а што не можат да напишат. Организаторот нема да дава никакви изјави или да заземе став по ова прашање“, се вели во соопштението на „Ролан Гарос“.
Ѓоковиќ изјави дека не му е сеедно за тоа што се случува во моментов на Косово и не се кае што ја напишал пораката, повторно би го направил истото.