среда, 11 декември 2024

Зеленски ја обвини Русија дека ја гаѓала енергетската инфраструктура со касетни бомби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини денес Русија дека ја гаѓала енергетската инфраструктура со касетни бомби, наведувајќи дека тоа е како да ја минирала, а со тоа се комплицираат нејзините поправки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа касетно оружје значително ја комплицира задачата на нашите спасувачи и електроинженери кои треба да ги отстранат последиците од нападот, и станува збор за ескалација на руските терористички тактики што е за презир“, порача Зеленски на социјалните мрежи по синоќешниот и денешниот голем руски напад на енергетската инфраструктура на Украина.

Касетните бомби се така конструирани да имаат најразлични дејства: распрскувачко, пробивно, запаливо и комбинирано, така што со нив се минираат големи површини и претставуваат трајна опасност за цивилите, спасувачите и екипите за одржување на погодените погони.

Силните руски напади на украинската енергетска мрежа како тие денес докажуваат дека „на Украина веднаш ѝ се потребни“ системи за противвоздушна одбрана, оцени Зеленски.

„Тоа е особено важно во зима кога треба да ја штитиме нашата инфраструктура од намерните руски напади“, кажа тој.

Во време кога во поголемиот дел од земјата температурата се движи околу нулата повеќе од милион Украинци денес останале без струја по руските напад на енергетски локации.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека во текот на ноќта пресретнале 79 руски ракети и 35 експлозивни дронови за време на новиот голем напад на руската војска. Русија вкупно испукала 91 ракета и 97 дрона на енергетската инфраструктура на Украина, се наведува на Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ