Две лица се пренесени во болница откако свлечиште оштетило куќа, извести спасувачката служба, пренесува агенцијата Кјодо.
Железничкиот оператор објави дека е прекинат брзиот воз помеѓу станиците Мориока и Акита.
Реката Таихеи се излеа, најстрога тревога за евакуација е издадена за жителите на градот и блискиот Гојоме, соопштија властите.
Издадени се наредби за евакуација во повеќе од 10 општини во префектурата Акита, а метеоролошката агенција повика на претпазливост поради лизгање на земјиштето и излевање на реките.
Издадено е предупредување за лизгање на земјиштето и за некои делови од префектурата Аомори.
Градовите Хапо и Ога зафатени од активен сезонски дожд, двата во префектурата Акита, забележаа рекордни врнежи од 196 милилитри дожд по квадратен метар, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, а пренесува јапонската служба НХК.
Дождниот фронт во регионот Тохоку во североисточниот дел на земјата се очекува да трае до недела, соопшти агенцијата, прогнозирајќи до 200 мм дожд во периодот од 24 часа, до 6 часот наутро во недела.