Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски напиша:
„Мал потсетник за Исмет Рамадани. Како тогашен пратеник на ПДП и коалициски партнер на СДСМ во тогашната влада во 1997 година, како член на парламентарната делегација во Советот на Европа, тој ја оправда полициската акција со интервенцијата во Гостивар во јули 1997 година за отстранување на албанското знаме од јарболот пред Општина Гостивар со претепување на граѓани и апсење/судење на градоначалникот Руфи Османи“.
Регираше и пратеникот Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија:
„Сериозната и перфидна закана од Исмет Рамадани, претставник на лажната елита во Македонија, искажана во емисијата Само вистина на Канал5 телевизија… Во предвечерието на претстојните избори само ја разоткрива вистинската слика која македонската влада со лажна пропаганда сака да ја сокрие, покривајки ја сопствената неспособност и катастрофалните резултати на сите полиња, па и на полето на меѓунационалните односи. Колку повеќе се наближува денот на изборите и колку појасно станува дека опозицијата ќе забележи убедлива победа, сѐ повеќе ќе бидеме сведоци на вакви конструкти од самонаречен ‘умерен Албанец’. Па да го поtсетиме него и јавноста дека Исмет Рамадани е човекот кој јавно ја објави политичката иницијатива за федерација на Македонија, Албанија и Косово. Толку од неговата умереност, а од неговата перфидност останаа само фронцли кои ја откриваат неговата лична и професионална голотија. Навистина како може, нели ‘умерен Албанец’, кој меѓу другото се претставува и како интелектуалец, конструктивната критика која објективно стои (неказнивост, корумпираност, за отворениот шовинизам и да не зборувам) сака да ја претстави како албанофобија. И стварно албанската партија го презема комплетното управување со државата, со 25 проценти население и 15 проценти политичка моќ на ДУИ управуваат со многу повеќе од половината државни ресурси, за носители на јавни и одговорни функции да не зборувам, а господинот како сега да се буди од сон, како паднат од Марс, зборува за етничка дискриминација и обесправеност на Албанците, кога во стварноста мнозинскиот народ се чувствува обесправен во сопствената држава, а за српската и помалите заедници и да не зборуваме. И на крајот, навистина вредна е реакцијата на директорот на Канал5, Иван Мирчевски, но еве да прашам како тоа се случи човекот кој мал милион пати се појавил на ТВ екраните, па и на Канал5, да направи таков скандал. Очигледно маските паднаа, и понатаму ќе паѓаат, добро е за Канал 5, но уште подобро за отрезнување на севкупната македонска јавност“.