И покрај неодамнешниот пораст на бројот на заразени со коронавирусот во Северна Кореја, „подготовките за нуклеарниот тест се завршени“, им кажа на новинарите Ха Тае Кеунг.
Тој истакна дека Пјонгјанг „само го чека вистинскиот момент за да го изврши нуклеарниот тест“.
Пратеникот изјавата ја даде воочи посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Јужна Кореја.