сабота, 16 ноември 2024

Расправата за новиот Деловник повторно одложена, кога ќе почне не се знае

Расправата по предложените амандмани за Предлог-деловникот за работа на Собранието на Комисијата за деловничко мандатно-имунитетни прашања е одложена за 16 часот по редовната пауза на пратениците. Иако е одложена седницата, од Собранието велат дека е неизвесно дали до крајот на денот седницата воопшто ќе започне. 

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците од Левица за МИА информираат дека разговорите со претседателот на Собранието Талат Џафери се во тек. За Предлог-деловникот оваа партија поднесе околу 1850 амандани, а амандмани поднесоа и од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.   

Консултациите помеѓу пратеничките групи и пратениците на Левица за амандамните почнаа во четвртокот, а за нив се разговара и во текот на денешниот ден. Иако е одложена седницата, од Собранието велат дека е неизвесно дали до крајот на денот воопшто ќе почне седницата на Комисијата за деловничко и мандатно – имунитетни прашања. 

Левица, и понатаму не открива зошто се поднесени амандмани во толкав број, но клучни се оние, како што велат, за филибастерингот (можноста за опструкција на носењето на некој закон), за двојазичноста во Собранието и за верификацијата на мандатите.   

Претседателот на Собранието Џафери претходно на редовната средба со новинарите изрази очекување дека новиот Деловник ќе биде донесен со консензус и оти најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември. 

Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

Новиот Предлог – деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ