петок, 15 ноември 2024

Рама предложи формат НАТО – Западен Балкан заедно со Белград, Приштина и Сараево

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција по состанокот во Скопје, рече дека ќе го разгледа предлогот на албанскиот премиер Еди Рама, а кој бил поддржан и од претседателот на Хрватска.

„Секако тоа треба да го разгледаме заедно и треба почесто да се среќаваме и да ги поканиме и партнерските држави“, рече Столтенберг, кој во своето обраќање порача дека Западен Балкан е важен за НАТО.

Премиерот на Албанија Еди Рама, на заедничката прес-конференција рече дека генералниот секретар со голем интерес го дочека предлогот да се создаде формат на НАТО самит со Западниот Балкан каде, како што појасни, ќе бидат присутни и ќе учествуваат не само земјите членки на НАТО во овој регион туку и земјите партнери на НАТО.

„Всушност и другите земји од Западен Балкан кои денес не се присутни, како и другиот дел од земјите членки кои што се во границите на нашиот регион, а кои што имаат непосреден интерес за стабилноста и демократскиот напредок на регионот“, рече Рама.  

Претседателот на Хрватска Зоран Миловановиќ, предлогот на албанскиот премиер Еди Рама, го сметам за паметен и добредојден без разлика што имаме повеќе иницијативи во разни форми и организации, кои меѓусебно се преплетуваат, па дури и поништуваат.

„Предлогот да се размисли за форма во која би учествувале овие земји, земјите од Југоисточна Европа и можеби уште некоја држава и многу важно Белград, Приштина и Сараево, верувам дека го заслужува вниманието на генералниот секретар на НАТО, кој ќе одлучи дали е тоа можно и спроводливо“, изјави Милановиќ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ