Путин кажа дека нападот е извршен со 90 ракети и 100 дрона, прецизирајќи дека е погодени 117 мети.
„Станува збор за одговор на продолжените напади на наша територија со ракети АТАКМС“, кажа Путин од казахстанската престолнина Астана, каде што е во посета.
Украинските власти денес објавија дека е извршен голем руски напад на енергетската инфраструктура на земјата поради што морале да воведат итни прекини на струјата, од што се погодени над милион украински потрошувачи.