вторник, 3 декември 2024

Европскиот парламент ги отфрли резултатите на изборите во Грузија и бара санкции

Европските парламентарци денес проценија дека имало значителни неправилности и го отфрлија исходот на неодамнешните избори во Грузија и повикаа на нивно повторување во рок од една година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европскиот парламент усвои денес на седница во Стразбур резолуција со која ги осудува парламентарните избори одржани на 26 октомври во независна Грузија, што е директно мешање во внатрешните работи на земјата, оценувајќи дека не биле ни фер ни чесни, што, според нив, „претставува уште една манифестација на континуирано демократско назадување на земјата за што е целосно одговорна владејачката партија Грузиски сон“, објави Европскиот парламент.

Европратениците ги осудуваат „бројните и сериозни изборни кршења“, вклучувајќи заплашување на гласачи, манипулации со гласањето, попречување на изборни набљудувачи и медиуми. „Резултатите кои ги објави Централната изборна комисија на Грузија не служат како доверлив приказ на волјата на грузискиот народ“, се додава. Парламентот одбива признавање резултатот на парламентарните избори, бара и меѓународната заедница да го направи истото, и сака во рок од една година „под надзор на странска изборна администрација“ тие да се повторат, се наведува во соопштението.

Повикувајќи на западна истрага на тврдењата за изборна манипулација, Европскиот парламент од ЕУ бара да се наметнат санкции на функционери и политички лидери во Грузија кои се наводно одговорни за демократското назадување, сите од партијата Грузиски сон. Се наведува и дека политиката која ја спроведува грузиската владејачка партија е некомпатибилна со „евроатлантската интеграција“ на Грузија.

Резолуциите на Европскиот парламент немаат никаков правен ефект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ