среда, 4 декември 2024

Путин: Рускиот напад е одговор на украинските напади со американски ракети АТАКМС

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека денешните големи напади на Украина се одговор на нападите со американски ракети АТАКМС на руска територија, и покрај неговото предупредување и заканата за воена ескалација која ја испрати до Западот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин кажа дека нападот е извршен со 90 ракети и 100 дрона, прецизирајќи дека е погодени 117 мети.

„Станува збор за одговор на продолжените напади на наша територија со ракети АТАКМС“, кажа Путин од казахстанската престолнина Астана, каде што е во посета.

Украинските власти денес објавија дека е извршен голем руски напад на енергетската инфраструктура на земјата поради што морале да воведат итни прекини на струјата, од што се погодени над милион украински потрошувачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ