вторник, 3 декември 2024

Рокас во Битола: Прекуграничната соработка е во срцето на евроинтегративниот процес

На првата официјална посета на Битола, во неговиот досегашен мандат во Македонија, евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека „како Европска Унија остануваме силно посветени и даваме поддршка на Општина Битола, на градоначалникот, на општинскиот совет и на граѓаните за да може да ја искористат можноста што доаѓа со планот за раст и развој на ЕУ, како и можностите што се нудат во рамки на реформската агенда усвоена од Владата“.

Објавено на

часот

Сподели

Според евроамбасадорот Рокас, ниту еден денар, ниту едно евро нема да биде изгубено за да може да се направи максимум и наредните три години да бидат успешни за земјава и градот Битола.

„ Прекуграничната соработка е од суштинска важност и затоа треба да се соочиме со сите предизвици. Прекуграничната соработка е во срцето на евроинтегративниот процес и затоа треба да се поттикне и зајакне соработката меѓу двете земји. Битола има можности за развој на туризмот и на тој начин да генерира огромни приходи за сопствен развој. Битола има многу адути и верувам дека следната година сите можности што ги имаме на располагање ќе ги ставиме во функција за да може граѓаните да ги почувствуваат резултатите од тоа“, посочи евроамбасадорот Рокас.

За време на приемот во неговиот кабинет, градоначалникот Тони Коњановски побара евроамбасадорот Рокас да помогне во обезбедувањето на град од северниот дел на Грција што ќе соработува со Битола.

„ Битола е на самата врата на Европа, на 15 километри од соседна Грција. Пограничната соработка е одлична, а во 2025 и 2026 година очекуваме дополнителна поддршка. Амбасадорот го информирав дека проектот пречистителна станица и колекторски систем конечно ќе го видат светлото на денот, бидејќи по трет пат се во фаза на евалуација, но верувам, дека в година ќе почнеме со изградба. Побарав од амбасадорот да помогне за поголема соработка со градовите од регионот, од северниот дел на Грција и со негова поддршка да добиеме нов грчки град-партнер за соработка“, посочи Коњановски.

За време на престојот во Битола, евроамбасадорот Михалис Рокас го посети Офицерски дом каде се наоѓа Европска куќа на ЕУ, а се сретна и со претставници на општинскиот совет и на академската заедница во овој град.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ