На дневен ред на оваа седница е и предлог за огласување именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Предлог одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Анкетна комисија за скандалот со Клиниката онкологија, избор на директор на ОТА, предлог на одлука за распишување јавен оглас за избор на здружение од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител, предлог на закон за задолжување на Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот за заеднички железнички граничен премин-Табановце, по скратена постапка и други.
Во рамки на 131. седница вчера беше изгласан новиот Деловник на Собранието, што ќе се применува од следниот парламентарен состав.