сабота, 16 ноември 2024

Претседателот на ДИК тврди дека ако се спојат претседателските и парламентарните избори ќе се заштедат пари

Вчера видовме една анкета дека 66% од граѓаните сметаат дека изборите треба да се спојат, а само 13% кои сметаат дека не треба да се спојат изборите. Ова ми оди мене лично во прилог бидејќи и јас сметам дека изборите треба да се спојат, не за друго затоа што изборните циклуси се премногу блиску. Има тука две работи, освен тоа за поевтино тие би требало да се спојат затоа што се многу блиску и дури да не се поклопуваат роковите“, истакна за Радио Лидер претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој вели дека од пресметките кои ДИК ги правела во цени, ресурси, итн изборите ако се споени чинеле некаде од 30 до 40% поевтино во смисла на тоа кои дејства ќе се преземат.

„Овде има две компоненти освен за да биде поевтино треба да спојат затоа што се многу блиску дури и да не се поклопуваат роковите. Викаат редовни дека е тоа законски, но не е незаконски и вонредни. Ако ни фали една недела може да направиме и вонредни избори. Имаме опции да го направиме тоа“, рече тој.

Даштевски уште еднаш посочи дека клучната работа за спојување на овие избори е тоа што би чинело 30 до 40% поевтино.

„Сметам дека има три работи поради кои треба да се споени изборите претседателски и парламентари – а тоа е финансискиот момент, човечки ресурси и временска рамка, бидејќи се завршуваат многу побрзо изборите. Тоа се работи поради кои би требало тоа да се случи бидејќи се блиску изборните циклуси“, заклучи Даштевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ