понеделник, 25 ноември 2024

Претседателката смета дека нема потреба од свикување на Советот за безбедност за геополитички воени закани

Извори од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова велат дека во моментов нема потреба од свикување на седница на Советот за безбедност, поради актуелните геополитички случувања – војната во Украина, но и случувањата на Блискиот Исток.

Објавено на

часот

Сподели

Државата е членка на НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз и има заштита од чадорот, а за евентуално свикување на Советот за безбедност поради овие случувања претседателката се консултира со Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и трговија, со Владата.  Секако, додаваат извори од Кабинетот, сега придобивка е и тоа што за заменик-генерален секретар на Алијансата е избрана Радмила Шекеринска. Поприоритетно во моментов е загадувањето на воздухот, па доколку се свика седница би се свикала поради прашања поврзани со заштита на животната средина, додаваат истите извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ