Судот донесе решение за потврдување на обвинението, на кое постои право на жалба во Апелацискиот суд во Ниш, објави Танјуг. Обвинителството на 24 септември го испрати обвинението против осомничените на потврдување. Обвинителството во обвинението предложило судот Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ да ги осуди на казни доживотен затвор.
Се сомнева дека Драгијевиќ и Јанковиќ на 26 март во Бањско Поље кај Бор прво со автомобил на јавното претпријатие Водовод, каде што биле вработени, го удриле двегодишното девојче а потоа ја ставиле во возилото. Како што се сомнева, нејзиното тело го фрлиле на депонија, од каде подоцна го преместиле.
Телото на девојчето сè уште не е пронајдено.
Драгиевиќ и Јанковиќ беа уапсени на 4 април.