петок, 13 декември 2024

Кривична пријава за компјутерска измама против лице од Велика Британија

СВР Штип поднел кривична пријава против К.К.К. од Велика Британија осомничен за кривично дело компјутерска измама. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавениот е осомничен дека на 22 февруари 2022 година по електронски пат измамил за 11.005 евра правно лице од Штип.

Објавено на

часот

Сподели

„Преку мејл порака до правно лице од Штип испратил лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои правното лице на 24 февруари 2022 извршило плаќање во износ од 11.005 евра кон банкарска сметка на пријавениот, наместо на вистинскиот добавувач“, информира МВР во дневниот билтен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ