понеделник, 25 ноември 2024

Потона туристички брод во Египет, 28 лица се спасени, продолжува голема потрага по исчезнатите

Египетските власти соопштија дека 28 лица се спасени, а 17 се водат како исчезнати откако туристички брод потона во Црвеното Море.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Сигналот за помош е примен во 5:30 часот по локално време од бродот „Си стори“, кој во саботата го напушти пристаништето во близина на Марс Алам на петдневно нуркачко патување со 31 турист и 14 членови на екипажот.

Генерал-мајор Амр Ханафи рече дека преживеаните се пронајдени во областа Вади ел-Гемал, која се наоѓа јужно од Марс Алам, и дека ја добиваат потребната медицинска нега.

Тој додаде дека воениот брод на египетската морнарица Ел Фатех и воените авиони ги интензивираат напорите за лоцирање на исчезнатите.

Марса Алам е популарна туристичка дестинација на јужниот брег на Црвеното Море во Египет и е опкружена со места за нуркање, вклучувајќи познати корални гребени.

Дајв Про Ливеборд, сопственикот и операторот на „Си стори“, допрва треба да ја коментира несреќата. На сајтот на компанијата пишува дека бродот е изграден во 2022 година и е долг 44 метри. Има четири палуби и 18 кабини кои можат да примат до 36 патници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ