петок, 13 декември 2024

Врховниот лидер на Иран бара смртна казна за Нетанјаху и Галант

Врховниот лидер на Иран, кој ги поддржува милитантите на Хамас и Хезболах во конфликтот со Израел во Газа и Либан, изјави во понеделникот дека израелските лидери треба да се соочат со смртни казни, а не со налози за апсење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ајатолахот Али Хамнеи се повика на одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кој во четвртокот издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас Ибрахим Ал-Масри. „Тие издадоа налог за апсење, но тоа не е доволно… Мора да се изрече смртна казна за овие криминални водачи“, рече Хамнеи, мислејќи на израелските лидери.

Судиите на МКС во својата одлука наведоа дека постојат причини да се верува дека Нетанјаху и Јоав Галант се кривично одговорни за дела вклучувајќи убиства, прогон и употреба на глад како воено оружје како дел од „широко распространетиот и систематски напад врз цивилното население на Газа“.

Одлуката предизвика бес во Израел, кој ја нарече срамна и апсурдна. Жителите на Газа изразија надеж дека ова може да помогне да се стави крај на насилството и одговорните за воените злосторства да се изведат пред лицето на правдата. Израел, од друга страна, ја отфрла надлежноста на судот со седиште во Хаг и ги негира воените злосторства во Газа.

Налогот за водачот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, ги наведува наводите за масовни убиства за време на нападот на Израел на 7 октомври 2023 година, кој започна војна во долгoтрајно блокираниот палестински појас, како и наводите за силување и земање заложници. Израел соопшти дека Ал Масри, познат и како Мохамед Деиф, бил убиен во воздушен напад во јули, но Хамас ниту го потврди ниту го демантираше тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ