четврток, 5 декември 2024

По секое ЕП остануваме без селектор

Објавено на

часот

Сподели

Прв ја одведе Македонија на ЕП, прв си замина по него: Заре Марковски

Жолто-црвените досега имаат три учества на европските првенства (ЕП) и исто толку селекторски промени по нивното завршување.

Првиот настап на Македонија на континенталните шампионати се случи во 1999 година, кога предводени од селекторот Заре Марковски настапивме на собирот во Франција. Како дебитанти завршивме последни во прелиминарната група во која игравме со исклучително силните СР Југославија, Франција и Израел. Но и самиот пласман на ЕП беше означен како успех за младиот состав на Марковски, во кој единствено Петар Наумоски имаше меѓународно искуство. По крајот на шампионатот Марковски си замина, а на негово место дојде токму Докузовски.

Требаше да минат 10 години за Македонија повторно да се најде меѓу најдобрите 16 тима во Европа. Пред две години во Полска, предводени од српскиот стратег Јовица Арсиќ, одигравме многу подобро и завршивме деветтопласирани минувајќи ја првата фаза. Неколку месеци по овој настап, кој во тоа време беше категоризиран како исклучително успешен, Арсиќ ја напушти клупата, која повторно беше пополнета со Докузовски.

Сега, неколку месеци по третиот настап на Македонија на ЕП историјата се повторува. Жолто-црвените завршија на фантастичното четврто место, што не беше доволна причина за Докузовски да остане на селекторската функција.

Досега тој беше вечната замена за селекторите што нѐ одвеле на ЕП. Кој, пак, ќе го замени него ќе покажат следните дваесетина дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ