среда, 11 декември 2024

Оклахома и против Лејкерс ја покажа добрата форма (ВИДЕО)

Оклахома е најдобра на Западот, овој тим продолжи да победува, ноќеска падна и Лејкерс во Лос Анџелес со 101-93.

Објавено на

часот

Сподели

Уште во првата четвртина, лидерот на табелата направи двоцифрена предност (18-8), но домаќините успеаја да се вратат во игра и во вториот период дури и да го преземат водството по серијата од 6-0 (48-45). Во второто полувреме Оклахома отиде и на +9, Лејкерс пак направија пресврт, но не можеа да го издржат тоа темпо.

Победникот го реши првата ѕвезда во тимот на Оклахома, Шеј Гилџес Александер. Во последниот период ја врати предноста на својот тим, а точка стави Џеј Вилијамс со забивање на 18 секунди пред крајот.

Гилџес Александер беше најдобар играч на мечот со 36 поени, 7 скока и 9 асистенции, Вилијамс додаде 19 поени, а Дорт 14. Кај Лејекрс повторно се истакна дебитант Нехт кој постигна 20 поени, Дејвис оствари дабл дабл со 15 поени и 12 скока, а Расел заврши со 17 поени.

Резултати:
Шарлот – Њујорк 98-99
Атланта – Кливленд 117-101
Мемфис – Њу Орлеанс 120-109
Бруклин – Орландо 100-123
Минеоста – ЛА Клиперс 93-92
Мајами – Торонто 121-111
Чикаго – Бостон 129-138
Индијана – Детроит 106-130
ЛА Лејкерс – Оклахома 93-101
Портланд – Сакраменто 115-106

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ