Одрони на патот Дебар – Маврово има кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, кај манастирот Свети Јован Бигорски и месноста Сенечки ливади. На патот кон Струга кај месноста Три чешми, како и месноста Кокошкина краста на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.
По интензивните врнежи од дожд, одрони на патот Маврово-Дебар
Дебарски регион попладнево беше зафатен со обилни врнежи од дожд, грмотевици и град. Интензивните врнежи од дожд на патните правци предизвикаа чести одрони од камен и земја. Сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и почитување на патната сигнализација.
Објавено на
часот