Филаделфија на свој паркет со 96-86 беше подобра од петтиот тим на Истокот, Индијана Пејсерс. Андре Игудала со 20 поени, 9 скока и 5 асистенции го предводеше тимот до победата, во која уште петмина имаа двоцифрен број поени.
Чикаго Булс стигна до осмата победа во девет меча, а Детроит пистонс ја почувствува сета сила на „биковите“, кои ја забележаа најубедливата победа во мечевите што беа на програмата. Конечните 92-68 за Чикаго беа плод на извонредниот Карлос Бузер со 23 поени, како и на Дерек Роуз со 22 поени и 8 асистенции.
Њујорк на плеќите на Кармело Ентони во „Медисон сквер гарден“ ги победи Шарлот Бобкетс во највозбудливиот меч со 91-87. Ентони во последните 150 секунди постигна осум поени и со тоа ги одведе њујорчани до триумф, во кои имаа катастрофален шут за три поени, но Амаре Стадмаер со 25 поени и Тајсон Чендлер со 20 поени и 13 скока беа најзабележителни.
ЊУ Џерси нетс сè уште не знаат за домашна победа, но покажаа напредок, откако на една домашна средба успеаја конечно да поведат на момент. Против Атланта хоукс, имаа почетни 2-0, и тука застанаа. По 31-18 на стартот, рутински на крај за Атланта, 106-101 со учинок од 26 поени на Џош Смит. Изненадување на вечерта е Њу Орлеанс Хорнетс, кои го победија Денвер со 94-81 и ја прекинаа серијата од шест меча во низа. Торонто во последниот меч славеше победа над Минесота со 97-87.