сабота, 16 ноември 2024
Министерката со кус коментар

Петровска за наводниот секс скандал во АРМ: Ковачки е втурнат во дезинформациски круг

Министерката за одбрана Славјанка Петровска го повикува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ковачки да провери колку му е веродостоен изворот кој му кажал дека наводно постои секс-скандал во Армијата, односно сексусална злоупотреба од страна на високи офицери врз офицерки. Веројатно е тоа истиот извор кој го излажал дека поседувам хациенда и истиот тој му кажал дека имало апсење на воени разузнавачи во Косово, што не се случило, вели Петровска. Таа најави и свој втор мандат како министерка за одбрана.

Објавено на

часот

Сподели

„За таков скандал или за таква афера или евентуално сомнежни, до овој момент, јас официјално не сум известена. До мене, како министерка за одбрана не се стигнати никакви писмени поднесоци со кои ќе се потврди дека таков наводен скандал како што тој вели постои. Ќе треба пратеникот да си го провери изворот колку му е веродостоен или свесно го втурнуваат во некој дезинформационен круг“, рече министерката во гостување на ТВ21, а својот одговор го објави претпладнево на својот фејсбук-профил, откако утрово ВМРО-ДПМНЕ имаше соопштение на истата тема.

Вчера, во рамки на собраниската седница посветена на пратенички прашања пратеникот Ковачки го праша премиерот Димитар Ковачевски за случаи на злоупотреби на службени позиции и сексуално вознемирување на офицерки во Армијата.

„Истите високи офицери за возврат им ветувале унапредување, школување на Воената академија и други бенефити. За изнудувањето на сексуални услуги од помладите по чин и функција од страна на нивните претпоставени и високи старешини се дознало случајно, т.е. во текот на истрагата за примање мито, кое го обелоденивме ние од ВМРО-ДПМНЕ, а за кое министерката за одбрана негираше. Постојат слики и снимки со кои се потврдува злоупотребата на службената позиција од страна на генерал и полковник и за истото е информирана министерката за одбрана“, рече Ковачки.ж

Инаку, во интервјуто за ТВ21 Петровска најави и свој втор мандат како министерка за одбрана. Рече дека има многу започнати проекти кои сака да бидат завршени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ