четврток, 21 ноември 2024

Пет регионални депонии за чиста Македонија, започна спроведувањето на проектот за управување со отпад

Објавено на

часот

Сподели

Проектот ќе се спроведува со средства од заемот од ЕБОР во висина од 55 милиони евра, кој е веќе верификуван во Собранието, а се очекува да биде реализиран во наредните три до четири години. Со него се предвидува изградба на нови регионални депонии во Новаци и најверојатно во Василево, како и подобрување на веќе постојната депонија во Русиново. Во нив ќе се депонира отпадот од 48 општини.

„Овој договор фактички го означува почетокот на проектот за Управување со отпад, кој се финансира во рамките на заемот од 55 милиони евра кој е одобрен од ЕБОР и верификуван од нашето Собрание. Фактички денеска реално започнуваме со имплементација на проектот кој опфаќа пет региони од кои во четири досега не е преземено ништо. Токму со овој проект ќе почнеме со воспоставувањето на основната инфраструктура за управување со отпад во тие четири региони“, рече министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по потпишувањето на договорите.

Таа нагласи дека се надева оти консултантските  услуги ќе му помогнат многу на МЖСПП за реализација на проектот. Задачата на консултантот „СУЕЗ Консалтинг“ (САФАГЕ), како што нагласи, е да даде помош на проектната единица во МЖСПП, одговорна за реализација на заемот, во подготовка на документација за набавки, тендери и спроведување на договори, помош за усогласеност и обврски за известување според финансиските документи и поддршка за имплементација на документите поврзани со животната средина и социјалниот момент на проектот.

Како што истакна Шукова, се работи за сериозна компанија со сериозно портфолио на европскиот пазар.

„Се надеваме дека ќе ни помогне во нашата цел конечно да се воспостават регионалните системи за управување со отпад во државата“, рече Шукова.

Претставникот на ЕБОР, Анди Аранитаси посочи дека зелената агенда е еден од стратешките приоритети на Банката и додаде дека токму проекти како денешниот се високо на нивната агенда.

„Ова е проект кој ќе опфати пет региони во земјава од кои во четири претходно воопшто немало управување со отпадот. Со него ќе бидат опфатени повеќе од еден милион луѓе што е повеќе од половина од населението на земјата“, рече Аранитаси.

Со проектот е предвидена изградба на трансфер станици и регионални депонии, како и набавка на опрема за јавните комунални претпријатија, кои ќе треба да го собираат отпадот и да го транспортираат до трансфер станиците. Предвидено е се градат две нови стандардни модерни регионални депонии од кои првата за Југозападниот и Пелагонискиот регион, што ќе биде лоцирана во општина Новаци, а втората за Југоисточниот и Вардарскиот регион, која најверојатно ќе се гради во Василево. Исто така ќе се подобри и постојната депонија за Полошкиот регион во Русино, која ќе може да работи во наредните пет години, а во меѓувреме ќе се бара нова локација во Полог за изградба на стандардна регионална депонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ