среда, 4 декември 2024

Еко-патролата „фати на дело“ 22-ца граѓани при непрописно одлагање отпад

Во текот на минатата седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 22 едукативно-информативни записника за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир и Бутел. 

Објавено на

часот

Сподели

ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно на терен ги активираше и интервентните еко-патроли коишто реализираат деноноќни дежурства на т.н. „црни точки“, односно локациите каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. 

Во рамките на интервенциите на Еко-патролата во изминатите седум дена од страна на сторителите беа отстранети вкупно 57 кубни метри непрописно одложен претежно градежен и кабаст отпад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ