петок, 6 декември 2024

Дојран ќе добие пречистителна станица до крајот на годинава

До крајот на годината се очекува да заврши изградбата на пречистелната станица и колекторот во Дојран со средства обезбедени од Владата и Амбасадата на Словенија, информираше градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, забрзано тече изградбата на новата пречистителна станица.

„ Заеднички решаваме децениски проблем и го реализираме најголемиот проект за заштита на Дојранското Езеро и животната средина. Очекувам набргу да добиеме нова и модерна Пречистителна станица, која на почетокот на идната година ќе биде ставена во функција на заштита, пред сѐ, на езерто“, изјави Ангов.

Инаку, изградбата на овој капитален објект чини 4,5 милиони евра, од кои околу 60 отсто се обезбедени од Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите од Амбасадата на Словенија во Македонија.

Со парите добиени од словенечката амбасада се изградија и пречистителни станици во селата Фурка и Црничани, како и канализациски систем во село Црничани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ